Шекеринска: Подготвени сме да направиме сè за да нема никаков ризик за членството во НАТО
Ние сме подготвени да направиме сè за да не дозволиме никаков ризик во поглед на нашето членство во НАТО. Како Влада ги дискутираме различните опции, не смееме како држава да си ставаме сопки, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, откако началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го брифираше претседателот и врховен командант Стево Пендаровски за состојбата со борбената готовност на Армијата изминатата година.
Таа потсети дека Собранието донесува одлука за закажување предвремени парламентарни избори и таа одлука „не значи дека Собранието исчезнува“.
– Ние не смееме да направиме грешка и затоа прашањето на ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на нашиот Парламент е прашање кое не смее да биде дел ниту од партиските преговори, ниту препукувања, ниту партиски пазари. Тоа е приоритет над сите други, рече Шекеринска.
На новинарско прашање дали на утрешните средби на лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ има можност да се разговара за одложување на изборите, Шекеринска истакна дека не очекува такво нешто.
– Јас не очекувам в сабота да дискутираат околу одложување на изборите, туку напротив да дискутираат за она што е обврска, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ да предложи еден министер за кој и другите партии треба да дадат согласност, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Ново на Сител
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото
-
Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија
-
Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
-
Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
-
АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија