-->
-->
Шекеринска: Ниту еден професионален војник со навршени 45 години нема да биде оставен на цедило
-->

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со државниот секретар Драган Николиќ и претставници од Секторот за човечки ресурси во МО и од Генералштабот денеска во Домот на Армијата имаа средба со припадници на Армијата кои оваа година го исполнуваат условот 45 години старост со што завршува нивната служба во Армијата.
Од МО соопштија дека Шекеринска упатувајќи благодарност до сите професионални војници за нивната досегашна посветеност и залагање во служба на Армијата, подвлекла дека како што 2019 година завршила со задоволство за сите припадници кои преминаа на работа во Управата за извршување санкции, така и оваа година службите во МО и во Генералштабот предводени од државниот секретар Драган Николиќ ќе најдат најдобри можни решенија за идната работна кариера.
– Како што во 2019 година ниту еден професионален војник не беше оставен на цедило, така ќе биде и оваа година. Вие и служевте на Армијата чесно и доследно, сега Армијата и државата ќе ви служат вам, рекла министерката Шекеринска.
Државниот секретар Николиќ истакнал дека изминатиот период МО заедно со Генералштабот и со претставници на синдикатите во одбраната посветиле посебно внимание на ова суштинско и сензибилно прашање.
– Министерството и Генералштабот презедоа конкретни мерки во однос на новата формација на Армијата. Со новите измени се овозможува на одредени специфични позиции, професионалните војници кои навршиле 45 години, да останат да работат на истите позиции во Армијата како цивилни лица, рекол Николиќ, стои во соопштението од МО.
Министерството за одбрана и Владата, нагласил тој, прават сериозен исчекор за достојно продолжување на кариерата на професионалните војници со навршени 45 години, со особено внимание условите на новото работно место да бидат соодветни.
– Ниту еден војник нема да остане незадоволен, истакнал Николиќ, што било поздравено од присутните на состанокот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за случајот „Мазут“, очекувам Вишото јавно обвинителство да ги разгледа фактите и да одлучи
-

Анкета: Бизнисите од Западен Балкан бараат итно укинување на трговските бариери
-

Белград го одбележува Спасовден: Литија вечерва со Појасот на Пресвета Богородица од црквата „Вознесение Господово“ до храмот „Свети Сава“
-

Македонија следната година ќе учествува на Евровизија
-

Мицкоски: Очекувам позицијата први во групата Западен Балкан 6 од јануарскиот извештај да се потврди и во јунскиот
-

Кривична за градоначалникот на општина Врапчиште поради сомнение за злоупотреба на службената положба
-

37-годишна жена најдена мртва со прострелна рана во главата
-

Утре средба Муцунски-Чамова во Шведска
