Шекеринска: Ние испорачавме резултати, очекуваме Унијата да покаже лидерство и да ги отвори пристапните преговори
Ние испорачавме резултати во однос на политичката стабилност, медиумските слободи, но и постигнувањето на дел од стратешките цели на граѓаните, како членството во НАТО Алијансата кое го очекуваме до крајот на годинава, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната конференција „Перспективите и предизвиците на Југоисточна Европа“ во Цавтат, Хрватска.
Според министерката, доколку идната недела не се донесе позитивна одлука за Македонија, прогресивните сили кои се подготвени за храбри компромиси, за помирување, за една различна, демократска и напредна слика за Балканот, ќе почувствуваат недостаток од интерес од Европската Унија.
-Нашата земја секогаш гледала на процесот на проширување како на процес базиран на резултати и постигнувања. За да се промовира лидерство, мора да се имаат и вредности, но и конзистентност и веродостојност, истакнала Шекеринска.
Конференцијата, како што соопштува Министерството за одбрана, е во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, а учествуваат бројни членови на Европскиот парламент, парламентарци од Германија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, претставници од академската заедница и невладиниот сектор.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите