Шекеринска: Ни треба Влада што ќе размислува исклучиво на најважните политички прашања
Очекуваме во првите 10 дена од јуни да бидат завршени коалициските разговори и консултациите со можни кандидати, затоа што ни треба Влада што ќе има целосен мандат и нема да размислува на кадровски, туку исклучиво на најважните политички прашања.
Вака одговори вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска на новинарско прашање до каде се разговорите за владината реконструкција.
– Сметавме дека до извештајот на ЕК и првите неколку дена фокусот треба да ни биде таму. И тоа се покажа исправно. Извештајот на ЕК покажа дека оваа држава навистина направи не серија реформи, туку направи чудо на регионален, но и на домашен план. За тоа да продолжи и во преговорите да влеземе со целосен капацитет, мора да си ги завршиме и домашните обврски, изјави Шекеринска, по денешните први средби во МО со претседателот на државата Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
Зошто тешко се гасат пожарите во новите згради? Критериумите за противпожарна заштита се застарени
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР
-
„ДИГИТМАК“: Нов центар за поддршка на дигиталната подготвеност на бизнисите
-
Поништен огласот за претседател на судот во Кавадарци, Нанев немал право на трет мандат
-
Tекстилството останува без кадар, со ниски плати и непочитување на работничките права
-
Нова енергетска криза – Македонија нема да остане изолирана
-
Пожар во подрум на десеткатница во Чаир, затруени со чад повеќе од 40 лица
-
Иран го нападна Израел