Шекеринска: Нема што да дискутирам со Каракачанов која сум и што сум, ако тој сака да биде Македонец нека повели
За да се постигне договор треба да има желба од двете страни, не само во Владата туку и во целата држава ние има да се реши проблемот, ако има само половина од тоа на бугарската страна ќе го решиме проблемот, рече денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при гостување во Дневникот на „Сител“ одговараќи на прашање за став во врска со Бугарија и жестоките изјави на Каракачанов, споменувајќи го дури и нејзиното семејство.
- Јас сум горда и сигурна во себе, мојот идентитет и во својата Македонска изворна идентификација и нема што да дискутирам со Каракачанов која сум и што сум, ако тој сака да биде Македонец нека повели. Нашето право е наше право, многу од тие изјави не ни е од полза. Тој што е сигурен во себе, во својот идентитет и својот јазик нема потреба толку да се пени и објаснува. Покажуваме многу поумно и посигурно размислување, отколку другата страна- рече Шекеринска.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи