Шекеринска – Купер: Македонија успешно го помина тестот од првата година членство во НАТО
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска попладнево имаше телефонски разговор со помошникот секретар за одбрана на САД, Лора Купер. Во разговорот Шекеринска и американската висока претставничка од одбраната се осврнаа на годишнината од членството на Македонија во НАТО, политичко-безбедносната ситуација во регионот и плановите за одбранбена соработка.
Како што информира Министетството за одбрана, Шекеринска упати честитки за новата администрација и изборот на нов секретар за одбрана и изрази очекувања дека сојузништвото и одбранбената соработка ќе продолжат по нагорна линија.
- Македонија успешно го помина тестот од првата година членство во НАТО. Буџетот во одбраната бележи континуиран раст при што акцентот на трошењата го ставаме на модернизацијата на нашите капацитети. Воената интеграција во НАТО се одвива според планираната динамика и ќе заврши до крајот на годината. После многу години учество во НАТО мисии на Блискиот Исток, се свртуваме и кон регионот и учествуваме во мисијата КФОР, рече министерката Шекеринска во разговорот.
![]()
Шекеринска и Купер разговараа за вежбата „Одлучен удар 21“ чиј домаќин ќе биде нашата земја, а САД се најголемите контрибутори во логистиката и реализацијата на оваа мултилатерална вежба во која ќе земат учество и Грција и Бугарија.
-Да се биде домаќин на „Одлучен удар 21“ е големо признание за одбранбените капацитети на нашата Армија и нашата земја, особено затоа што нејзината изведба е во тесно партнерство со Соединетите Американски Држави и што е израз на длабоката меѓусебна доверба меѓу двете земји, посочи министерката и додаде дека сојузништвото меѓу Македонија и САД има стратешко значење за целиот регион.
Помошничката на американскиот секретар за одбрана Лора Купер, како што информира Министетството за одбрана, ги поздрави заедничките активности на полето на одбраната и изрази уверување дека претстојната вежба „Одлучен удар 21“, во која САД имаат големо учество, ќе помине успешно.
-Таа рече дека со доаѓањето на новата администрација, Вашингтон останува фокусиран на поддршката на напредокот на земјите од Западен Балкан на евроатлантскиот пат. наведува Министерството за одбрана во соопштението.
Ново на Сител
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
-

Две малолетнички тешко повредени откако паднале од електричен тротинет
