Шекеринска: Дејствијата од 2001 се далеку зад нас, најважно е дали политичарите им служат на граѓаните
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се огласи по повод фотографијата што предизвика низа реакции на социјалните мрежи, на која таа во друштво на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари стои во неговиот кабинет преполн со албански знамиња и симболи на УЧК.
Во својот краток Фејсбук статус, Шекеринска не ја спори легитимноста на фотографијата. Наместо тоа, објаснува дека „дејствијата од 2001 се далеку зад нас“ и дека „иконографиите не се репер за добро управување, туку репер е служењето на граѓаните“:
„Дејствијата од 2001 се далеку зад нас. Нашето општество ја надмина воената криза на демократски и траен начин, за што сведочиме денес, 19 години подоцна, кога сме членка на НАТО.
Во 2020 година најважно е дали политичарите им служат на граѓаните. Иконографиите не се репер за добро управување, служењето на граѓаните е репер“, пишува Шекеринска.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација