Шекеринска: Час поскоро неопходен ни е амбасадор во НАТО
– Законот е многу јасен во преизборието но државата не смее да застане, оти ако заостанува како што заостанувавме со минатата влада се уште ќе бевме далеку од вратата на НАТО и ЕУ, истакна денеска министерката Радмила Шекеринска одговарајќи на прашање за именувањето на амбасадор во НАТО.
– Час поскоро неопходен ни е амбасадор во НАТО и не одбранливо е да се зборува дека членството во НАТО е заеднички приоритет, а притоа опозицијата да се буни, да бара државата да не ни прати амбасадор во НАТО. Тоа е работење против стратешките интереси на државата и навистина очекувам дека тој став ќе си го променат. Ние сме, после 30 години зборување за НАТО, најпосле пред членството. Минимум што мора да правиме не се само законите, коишто убедена сум дека до крајот на годината ќе бидат донесени, туку и да испратиме амбасадор во НАТО и воен претставник во Алијансата за да покажеме дека го цениме членството, но и знаеме дека членството е одговорност. Џабе сме членки ако пак таму на тоа највисоко ниво сме отустни, рече Шекеринска
Ново на Сител
-
Без вода делови од Чаир, Бутел, Топанско Поле и Гази Баба
-
Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз
-
Вицепремиерот Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД
-
Поранешниот министер за безбедност на БиХ претепан од маскирани напаѓачи
-
За две седмици започнува тримечна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Кисела Вода
-
Евростат: Цените во Европа паѓаат
-
Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
-
Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“