Шефот на словенечката дипломатија предлага признавање на „Палестина“
Министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец денеска изјави дека е „дојдено времето за признавање на независноста на Палестина“.
Ерјавец, кој е лидер на Демократската партија на пензионерите на Словенија (ДЕСУС), ваквата изјава ја даде по средбата на лидерите на партиите од словенечката владејачка коалиција.
Според словенечките медиуми, водечката партија во владината колаиција, Партијата на модерниот центар (СМЦ) на премиерот Миро Церар била резервирана по ова прашање, додека Социјалните демократи (СД) на Дејан Жидан го поддржуваат признавањето на „Палестина“, но во координација со другите членки на Европската унија.
Преговорите меѓу Израел и Палестинците за создавање на две држави на прсторот на некогашната Британска Мандатна Територија Палестина влегоа во нова фаза, откако САД го признаа Ерусалим како главен град на Израел
Ново на Сител
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона