Шефот на НАТО: Не грижете се ако евентуално победи Трамп на изборите во САД

Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Лондон изјави дека не е загрижен поради можноста републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, да победи на изборите што ќе се одржат таму за помалку од една месец.
„Престанете да се грижите за претседателството на Трамп. Знам дека тој целосно разбира и се согласува со мене дека оваа војна во Украина не е само за Украина, туку за сегашната и идната безбедност на САД“, рече тој.
По средбата со британскиот премиер Кир Стармер, Руте рече дека е „апсолутно убеден“ дека САД ќе останат посветени на безбедноста на европскиот континент.
Во случај на победа на Трамп на претседателските избори на 5 ноември, некои од европските сојузници во НАТО стравуваат дека САД ќе бидат помалку посветени на безбедноста на Европа и ќе престанат да ја поддржуваат воено Украина.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
