Шефот на ЦИА во посета на Турција
Директорот на американската Централна разузнавачка служба (ЦИА), Мајк Помпео денеска престојува во посета Турција, откако тоа беше договорено во телефонскиот разговор прексиноќа меѓу претседателите на САД и Турција, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган.
За време на неговата посета се планирани разговори за безбедносни прашања, соопштија турските власти.
Една од темите на средбите на Помпео со неговите турски соговорници ќе биде борбата на Турција против движењето предводено од исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого Анкара го обвинува дека го организирал неуспешниот пуч во јули минатата година.
Турските власти наведуваат дека разговорите со шефот на ЦИА ќе бидат посветени и на прашањето за сириските курдски борци, кои Анкара ги смета за терористи, поради нивната поврзаност со курдските бунтовници, чија Курдска работничка партија (ПКК) е забранета во Турција.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228