Шеесетина планинари на летното искачување на Титов врв
На 11. традиционално летно искачување на најависокиот шарпланикси Титов врв учествуваа 60-тина планинари. Како што информираат од планинарските клубови „Тетекс“ и „Јелак“ од Тетово кои заеднички ја организираа манифестацијата, планинарите се искачија на 2.747 метри надморска височина.
-Според предвиденото, искачувањето почна во седум часот на Попова Шапка и траеше до 10:30, кога првите планинари стигнаа на одреденицата на Титов врв. По пат сите кои се чувствуваа подготвени однесоа дел од материјалите што колегите од ПД „Аргентус Моунт“ го носат за реконструкција на планинарската кула на Титов врв, изјави Борис Стојановски-Цули од ПК „Јелак“.
Карактеристика на летното искачување се погодните и речиси непроменливи временски услови кои даваат можност за поголемо планинарско задоволство при пешачењето до Титов врв, велат од клубовите.
-Идеално време со значително пониски температури од градовите и до десетина степени. Важно е што немаше дожд и ветер и постојано беше така во текот на искачувањето, престојот и враќањето кон Попова Шапка, рече Стојановски.
На врвот планинарите се задржале околу два часа. Биле поделени благодарници и налепници за учество, а враќањето почнало околу 12:30.
Ново на Сител
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
Опожарени возила и фотокопирница во Куманово
-
Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година
-
Лишени од слобода крадци во Скопје
-
Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка - 3 степени
-
Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин