Македонија
11. November 2016 - 17:17

Шеесет и две крводарувања во „Алијанс уан“ во Кавадарци

Шеесет и две крвни единици беа собрани во рамките на денешната доброволна крводарителска акција, која беше спроведена во кавадаречката компанија „Алијанс уан“. 

- Акцијата ја организиравме заедно со Институтот за трансфузиологија од Скопје. Станува збор за традиционален настан кој се одржува секоја година, а вработените овде секогаш ја покажуваат својата хуманост, рече Роза Илова, секретар во Општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци.

Илова нагласи дека Кавадарци секогаш е на врвот на табелата по хумани градови, кога е во прашање доброволното дарување на крв.

Следната доброволна крводарителска акција е во среда, а крв ќе даруваат полицајците од Полициската станица од општа надлежност Кавадарци и граничната полиција.