Шариф: Иран ќе ги испита задржаните американски морнари

Портпаролот на иранската Револуционерна гарда Рамазан Шариф утрово изјави дека ќе ги испитаат 10 американски морнари, кои вчера беа задржани и демантираше дека тие ќе бидат ослободени.
- Ако при распитите се утврди дека тие биле во мисија за соборање на разузнавачки информации, ќе ги третираме на друг начин, посочи Шариф.
Два брода на американската морнарица, кои беа во Персискиот Залив, се задржании од страна на Иран.
- Во контакт сме со Иран и добивме гаранции дека членовите на екипажите ќе бидат вратени, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.
Тој наведе дека контактот со бродовите бил изгубен во Персискиот Залив меѓу Кувајт и Бахреин.
Најмалку десет членови на американската морнарица се задржани на островот Фарси, кој е под управа на иранската Револуционе
Како една од можните причини за преземање на бродовите се наведува нивното влегување во иранските води.
Инцидентот уследи по проблематичните односи меѓу двете земји и подготовките во САД за воведување на уште санкции кон Иран.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
