Шaпуриќ: Во иднина поддршката за користење на фондовите од ЕУ ќе биде посилна
Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ денеска се сретна со раководителот за европски фондови на Европската академија на региони, проф. Луиџи А.Дел Аквила, и со директорот на Finnova, Хуан Мануел Равуелта Перез.
На средбата, како што соопштија од Кабинетот на Шапуриќ, присуствувале и амбасадорот на Кралството на Шпанија, Емилио Лоренцо Сера и директорката на Регионалниот бизнис центар за иновации, Ксенија Вангелова.
На средбата се разговарало за досегашните активности за отварање на Првиот регионален центар за иновации, како и за понатамошна соработка за развивање на овој проект меѓу централните и локалните институции, бизнис секторот и науката.
Овие активности, како што се посочува, ќе бидат во насока на едукација на малите и средните компании за поефикасно и поефективно користење повеќе видови финасиска поддршка од Европската Унија. Сите инволвирани страни во иднина ќе работат на реализација на бенефитите на иновациите и обуките. Ова е добра шанса и за start up комании, особено за младите, наведуваат од кабинетот на Шапуриќ.
Луиџи А. ДелАквила и Хуан Мануел Равуелта Перез потенцирале дека постојат можности во иднина да се прошират активностите и за други области.
Министерот Шапуриќ им се заблагодарил на гостите за нивниот досегашен ангажман за реализација на овој проект и нагласил дека овие активности ќе влијаат на унапредување на бизнис климата во државата. Амбасадорот Емилио Лоренцо Сера изјавил дека Шпанија ги поддржува напорите на Република Македонија на патот на евроатланските интеграции
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
