Loading Video...
Фудбал
3. August 2022 - 19:52

Шамрок со голем респект го пречекува Шкупи

Фудбалерите на Шкупи се пред нов предизвик во фудбалска Европа  каде утревечер му го стуваат на првакот на Ирска, Шамрок Роверс во рамките 3. Квалификациско коло  на Лига Европа. 
Македонскиот шампион е пречекан со голем респект од тренерот на противникот. 
Гоце Седлоски и неговите избраници одиграа две извонредни средби против Динамо во квалификациите за ЛШ и потврдија дека имаат квалитет за чекор напред во европските натпреварувања. Противник по мерка за чаирчани е ирскиот првак Шамрок Роверс на кого му гостуваат утревечер во Даблин. Добрата игра против хрватскиот гигант предизвика внимание кај тренерот на Шамрок Стивен Предли кој изјави дека Шкупи е опасен противник и затоа ќе мора да бидат извонредно внимателни. 
Средбата се игра во четврток од 21ч а реваншот е во Скопје за 7. Дена. Доколку Шкупи го елиминира Шамрок ќе игра во плејофот за групната фаза со победникот од мечот Карабак- Ференцварош.