Шампионскиот појас на Мухамед Али продаден за шест милиони долари
Шампионскиот појас на еден од најдобрите боксери на сите времиња Мухамед Али од легендарната борба со Џорџ Форман од 1974 година во Заир е продаден на аукција за 6.18 милиони долари.
Како што синоќа соопштија американските медиуми, најголем износ на аукцијата во Далас понудил сопственикот на НФЛ тимот Индијанаполис, Џим Арсеј, и шампионскиот појас на Али сега е во неговата лична колекција.
Појасот ќе биде изложен на 2 август во Чикаго, а на 9 септември во Индијанаполис.
Борбата меѓу Али и Форман од 30 октомври 1974 година во Киншаса, наречена „Татнеж во џунглата“ (Rumble in the Jungle), е една од најпознатите во историјата на боксот. Али во Заир го нокаутираше Форман во осмата рунда и ја врати титулата светски првак во тешка категорија.
Мухамед Али почина на 3 јуни 2016 година, на 74-годишна возраст, од компликации предизвикани од Паркинсонова болест, од која боледуваше последните три децении од животот.
Ново на Сител
-
Русија: Северна Кореја испраќа 6.000 војници за обнова на Курск
-
Состанокот на Г7 во Кананаскис, заврши со едногласно мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина.
-
Евакуирана првата група македонски државјани од Израел
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната
-
Руте: НАТО ја исполни својата 11-годишна цел за трошоци за одбрана
-
Сончево и топло, попладне дожд и грмежи
-
ФК Силекс со бесплатен превоз за домашниот натпревар со ФК Дечиќ
-
Маж од Скопје со 1.34 промили алкохол во крвта возел туѓ автомобил во спротивна насока, предизвикал сообраќајка