-->
-->
Шампионот Вардар на гостување кај Кристијанштад
-->
Актуелниот македонски и европски првак Вардар попладнево гостува во Шведска кај Кристијанштад во меч од 6. коло во ракометната Лига на шампиони.
Вардарци важат за апсолутни фаворити имајќи го во предвид реномето како и досега одиграното во елитното натпреварување. Кристијанштад е тим против кој вардарци веќе трета сезона играат во групната фаза. Во досегашните четири меѓусебни дуели црвено-црните секогаш излегувале како победници, а на гостувањата во Шведска двата меча ги добија со пет гола разлика.
- На секој меч влегуваме мотивирано, и се подготвуваме за она што нѐ очекува. Нема лесни и тешки противници. Сe ќе зависи од нас, како ние ќе играме. Кристијанштад е млада екипа, која секоја сезона игра сѐ подобро и добива и повеќе искуство од дуелите во лигата на шампионите. Со овој натпревар почнува серија од шест мечеви во ноември и сакаме успешно да го завршиме овој месец, изјави Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.
Вардар е непоразен досега, додека Кристијанштад има освоено само еден бод, и тоа во првата рунда кога пред својата публика одигра нешешено 28-28 против ППД Загреб.
Дуелот меѓу Кристијанштад – Вардар ќе започне во терминот од 18 часот.
Покрај овој меч денеска во А групата се игра и средбата Барселона – ППД Загреб, додека за утре закажани се дуелите ПИК Сегед – Р.Н. Левен и Висла – Нант.
На табелата лидер е Вардар со 9 бодови, пред Рајн Некар Левен со 8, односно ПИК Сегед и Барселона со по 7 бодови, по кои следуваат Нант 5, ППД Загреб 2, Висла 1 и Кристијанштад 1.
Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите Металург својот меч од оваа рунда ќе го одигра утре во СЦ „Борис Трајковски“ каде од 17 часот ќе го пречека составот на Чеховски Медведи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња