Шаленберг: Русија секогаш ќе остане важна за Европа, а секое друго гледиште би било погрешно
Русија секогаш ќе остане важна за Европа, а секое друго гледиште би било погрешно, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.
Тој, исто така, ја бранеше најголемата банка во земјата, Рајфајзен банка интернационал, велејќи дека е неразумно да се нагласи нејзиниот континуиран бизнис во Русија, кога многу други западни фирми го направија истото.
„Идејата дека повеќе нема да има Русија и дека можеме да се одвоиме во сите области е заблуда“, изјави Шаленберг.
Тој додаде дека Австрија ги олабавува тие врски, но дека „тоа не може да се случи преку ноќ“.
„Достоевски и Чајковски остануваат дел од европската култура, сакале ние или не. Русија ќе продолжи да биде нашиот најголем сосед. Таа ќе остане втора по големина нуклеарна сила во светот“, рече Шаленберг.
Австрија продолжува да увезува руски гас, иако настојува да го намали во наредните години.
Шаленберг ја даде изјавата откако американските власти за санкции започнаа истрага против Рајфајзен банка Интернешнл поради нејзините операции во Русија, зајакнувајќи ја контролата врз австрискиот заемодавач кој игра клучна улога во руската економија.
Тој рече дека на Австрија е да ги спроведе санкциите и посочи на другите западни банки, вклучително и американските, кои работат во Русија.
Австрискиот министер изјави дека се залага за спроведување на постоечките европски санкции, а не за воведување нови мерки против Русија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација