Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите
Шаја Лабјуф се присети на судирот и кавгата со Алек Болдвин, кого, како што самиот вели, помладиот глумец го предизвикал со своето его.
Имено, двајцата работеле на претстава во 2013 година, откако Болдвин го заменил Ал Пачино, па Шаја признава дека долгата подготовка за заеднички настап со Пачино, споена со неизвесноста дали колегите ќе го сфатат помалку искусниот глумец сериозно, поставиле тешка основа за неговиот работен однос со Болдвин.
- Кога пристигна Болдвин, тоа беше речиси неправедно... Тој мораше да се справи со моето рането, слабо его, со сите напорни подготовки што ги правев две години и очајната потреба да му ги покажам, за некако да ме прифати. Бев крајно несигурен, изјави Лабјуф (38) за „Холивуд репортер“ (Holliwood Reporter).
Поради сѐ ова, двајцата колеги воопшто не се согласувале, а тука се и различните пристапи кон работата коишто дополнително го зголемиле набојот.
- Знаеше да стане тензично на пробите. Потоа и тој почна да се натпреварува... Целата улога ја изградив на односот со Пачино, и тоа одеднаш исчезна. Бев уништен!, додаде Шаја.
Болдвин уште во 2014 година го изнесе своето видување и став за соработката помладиот колега.
- Имаше несогласувања од самиот почеток. Лабјуф, благо кажано, насекаде со себе носи „затворски менталитет“. Веднаш се виде дека сака расправии. И, еден ден ме нападна пред сите: „Ме успоруваш, не си ги знаеш репликите. А ако не збориш, ќе продолжам да ги кажувам моите!“, раскажуваше Болдвин за „Валчр“ (Vulture).
Шаја на крајот се повлекол од претставата. Сепак, Шаја и Болдвин останале во добри односи откако Лабјуф зел и курс по глума во Њујоршкиот универзитет каде што Болдвин му предавал.
- Денес сме в ред, поминавме многу, и тој и јас. Си пруживме меѓусебна поддршка и „ги испеглавме“ работите пред да се појави лудилото од двете страни. Сфатив дека сѐ тоа произлегува од фактот дека јас немам духовен живот. Тоа ме претворило во „копиле“. Не бев добар човек, ќе рече Лабјуф.
Тој в септември ќе оди на суд поради тужба од поранешната девојка, поп и ар-ен-би пејачката ФКА Твигс (Талија Дебрет Барнет) и нејзините обвинувања за вознемирување и емоционална траума.
Ново на Сител
-
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево
-
Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање
-
Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар
-
Голем пожар на Тасос, туристите се евакуираат
-
ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година
-
Едно лица смртно настрада во сообраќајка во близина на Охрид
-
Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово
-
Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца