Loading Video...
Фудбал
13. July 2020 - 10:47

Севиља чекор поблиску до Лигата на шампионите

Севиља направи голем исчекор до позицијата која ја води во  Лигата на шампионите.  Фудбалерите на Севиља остварија победа над Мајорка со 2-0 во натпревар во кој македонскиот репрезентативец во гостинскиот тим влезе во игра во 72-та миниута. 
 
Головите за Севиља ги постигнаа Окампос од пенал во 41-та и Ен Несури во 84 минута. 
 
Со новите бодови и вкупно 66 Севиља е на делба на третото и четвртото место со Атлетико Мадрид, а има дури девет бодови повеќе од петто пласираната екипа на Виљареал која вечерва го пречекува Сосиедад кој се бори за место во Лигата на Европа. 
 
Со исти мотив ќе влезе и Гранада на вечерашниот дуел со Реал во Мадрид, во кој „Кралевите“ со евентуална победа би ја вратиле преднста нд четири бодови во однос на Барселона, на на две кола до крајот би биде повеќе од сигурни во освојувањето на новата шампионска титула.