Севернокорејскиот лидер се закани со нуклеарно оружје во случај на воен конфликт со САД и Јужна Кореја
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун предупреди дека е подготвен да употреби нуклеарно оружје во евентуален воен конфликт со САД и Јужна Кореја, јави севернокорејската државна новинска агенција КЦТА.
„Нашите оружени сили се целосно подготвени да одговорат на секоја криза, а нашите единици за нуклеарно одвраќање се исто така подготвени да се мобилизираат со полна сила”, рече тој.
Лидерот на Северна Кореја ги обвини САД дека ја „демонизираат” неговата земја и на тој начин ја правдаат својата непријателската политика кон неа.
Фактот што Вашингтон ги осудува рутинските воени активности на Пјонгјанг, а истовремено одржува воени вежби со Јужна Кореја, за Ким Јонг-ун се јасен доказ за доејните стандарди на САД.
Во својот говор, Ким го опиша јужнокорејскиот претседател како „опседнат со конфронтација”, обвинувајќи го дека оди уште подалеку од неговите претходници.
Изјавата на севернокорејскиот претседател доаѓа во време кога Пјонгјанг ја одбележува 69-годишнината од крајот на Корејската војна, а во услови кога Вашингтон и Сеул изведуваат летни воени маневри.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема пари за лекови – Владата ќе купува авион
-
Приведен турски државјанин, превезувал мигранти од Египет и Сирија
-
Тешко повредена патничка на ЈСП откако 65-годишник удрил во паркиран автобус
-
Стабилно и релативно топло време до среда
-
Пред српскиот Парламент голем број полициски возила, блокиран автопатот Нови Сад - Белград
-
Планирале терористички напади, уапсени четири лица кои формирале терористичка ќелија по теркот на ИСИС
-
Еврокомисијата подготвува план за намалување на бирократијата во невидени размери
-
Закажани четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко