-->
-->
Севернокорејската државна агенција ја нарече Парк Геун-хе „обичен криминалец“
-->
Севернокорејската информативна агенција КЦТА ја нарече Парк Геун-хе „обичен криминалец“, откако јужнокорејската претседателка денеска беше конечно сменета од функцијата од страна на Уставниот суд поради голем корупциски скандал, во кој таа е вмешана.
- И остана уште една година како шеф на државата, но сега таа е сменета и ќе се води истрага против неа како за обичен криминалец, објави државната информативна агенција на Северна Кореја - КЦТА.
Кратката информација беше објавена невообичаено брзо за КЦТА, на која во принцип и се потребни по неколку денови за да соопшти вести од странство.
Парк Геун-хе беше сменета од претседателската функција поради корупциски скандал, во кој беа вмешани и големи локални компании, како „Самсунг“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“