Северна Македонија во исчекување на одлуката на ЕУ за преговори
Во вторник министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ ќе заседаваат во Луксембург, а на дневен ред се извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето.
Северна Македонија и Албанија ќе бидат главна тема на преговорите во овој дел. Министрите треба да одлучат дали и кога овие две земји ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската Комисија на 29 мај во своите извештаи.
До сега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок, а на амбасадорско ниво во Брисел интензивно се водат консултации и се расчистува патот до компромис изминативе денови. Според дипломатите во Брисел, голем број земји членки сметаат дека е потребна позитивна одлука за двете земји веќе во јуни, додека други сметаат дека одлуката треба да се одложи за на есен.
Во отсуство на компромис, одредени земји на ЕУ предлагаат да се надмине овој ќор-сокак во преговорите со тоа што би и се дало зелено светло на Северна Македонија, а одлуката за Албанија би се одложила во исчекување на поголем напредок во политичкиот дијалог со опозицијата и борбата против корупцијата и организираниот криминал, двете најслаби точки на Тирана.
За сега низ бриселските кулоари кружат повеќе верзии на заклучоците кои би можеле да ги усвојат министрите во вторник, и во нив Албанија и Северна Македонија не се раздвојуваат, а се дава заложба за конечна позитивна одлука во септември 2019-та. Но, преговорите помеѓу министрите во вторник допрва можат да донесат промени и изненадувања, брифираат дипломатите во Брисел, а одвојувањето на Скопје и Тирана не се исклучува.
Одлуката што ќе ја донесат министрите во вторник потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на Европскиот Совет на 20 и 21 јуни во Брисел.
Ново на Сител
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија

