-->
-->
Северна Македонија ја потпиша Сингапурската Конвенција за медијација
-->

Министерката за правда Рената Дескоска денеска ја потпиша „Конвенцијата на Обединетите нации за Меѓународни договори за спогодување, што произлегуваат од медијацијата“, позната како Сингапурската Конвенција за медијација.
Како што соопшти Министерството за правда, со потпишувањето на оваа конвенција, нашата држава испрати сигнал до странските инвеститори дека ги прифаќаме меѓународните инструменти со кои гарантираме сигурност на странските инвестиции.

Церемонијата за потпишување за Сингапурската Конвенција се одвиваше во организација на Министерството за правда на Сингапур и Комисијата на Обединетите нации за меѓународно трговско право (UNCITRAL).

Конвенцијата беше усвоена со консензус во Генералното собрание на ООН на 20 декември 2018 година. Тоа ќе биде првиот договор на ООН што ќе го носи името по Сингапур. Листата на потписници говори за значајноста на оваа конвенција: САД, Кина, Јапонија, Турција, Индија, Австралија, Иран, Катар и други, посочуваат од Министерството за правда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
