Северна Македонија и Бугарија ќе црпат искуства од Полска и Британија за претседавањето со Берлинскиот процес
Бугарија и Северна Македонија ќе испратат заеднички тимови во Полска и во Велика Британија, за да разменат искуства во организирање на заедничкото претседателство на Берлинскиот процес што Софија и Скопје преземат во текот на 2020 година.
Ова е договорено на работната срдба во Познан на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров и британскиот државен министер за Европа, сер Алан Данкан.
На средбата на која присуствуваше и амбасадорот Виеслав Таркан, координатор на Берлинскиот процес на актуелниот претседавач Полска, беа разгледани прашања од идната агенда на заедничкото претседателство, како и иницијативи за активното вклучување на граѓанското општество, а особено на младите луѓе во приоритетите на претседателството, пренесе БГНЕС.
Димитров, Захариева и Данкан учествуваат на министерскиот форум што се одржува во Познан како дел од Самитот на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024