Северна Кореја тврди дека тестирала шпионски сателит
Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА синоќа објави дека Пјонгјанг извршил „важна, последна фаза“ од тестирањето за развој на шпионски сателит.
Веста на КЦНА уследи откако армијата на Јужна Кореја и на Јапонија објавија дека Северна Кореја лансирала две балистички ракети со среден дострел кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров.
Националната управа за вселенски развој (НАДА) изврши тестирање во северозападниот дел на земјата со цел да се испитаат можностите на сателитско снимање, пренос на податоци и системот за контрола, објави КЦНА.
– Потврдивме важни технички индикатори, како што се технологијата за работа на камерата во вселенско опкружување, способноста за обработка на податоци и пренос на уреди за комуникација, точноста на следењето и контролата на системот за контрола од Земја, истакна портпаролот на НАДА.
Тој додаде дека тестирањето на извиднички сателит ќе биде завршено до април.
Северна Кореја изврши голем број ракетни тестирања година, вклучително и интерконтинентална балистичка ракета, што може способна да стигне до копното на САД, и покрај меѓународните санкции.
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести