Свет
5. September 2017 - 8:44

Северна Кореја транспортира меѓуконтинентална балистичка ракета кон западниот брег

Забележано е дека Северна Кореја транспортира меѓуконтинентална балистичка ракета кон западното крајбрежје, пишува јужнокорејскиот весник „Ејша бизнис дејли“, повикувајќи се на анонимен разузнавачки извор.

Според весникот, најверојатно тестирањето на ракетата ќе биде извршено на 9 септември за време на националниот празник - Денот на прогласувањето на Северна Кореја.

Транспортирањето започнало вчера, еден ден откако Северна Кореја ја изврши шестата нуклеарна проба. Истрелувањето се спроведува ноќно време со цел да се избегне нејзино следење.

Северна Кореја долж западното крајбрежје има полигони за лансирање на ракети, наведува јужнокорејскиот весник.

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека не може да ја потврди информацијата на весникот, но вчера истакна дека Пјонгјанг е подготвен во секое време да лансира уште ракети, вклучувајќи и меѓуконтинентални.