Свет
24. August 2017 - 20:43

Северна Кореја прикажа слики со цртежи од нова, помоќна интерконтинентална ракета

Северна Кореја денеска објави слики на кои се прикажани цртежи од нова интерконтинентална балистичка ракета, помоќна од сите кои беа изработени досега, наведоа експертите за оружје. 

Доколку биде разработена таква ракета, таа би можела да го достигне секој град во копнениот дел на САД, вклучително и Вашингтон и Њујорк. 

Синоќа, севернокорејските државни медиуми објавија фотографии на кои се глега како севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун стои до цртежите од тристепената ракета „Хвасон-13“. 

Ракетните експерти, кои внимателно истражуваат слични цртежи при барањето на податоци за вооружената програма на Северн Кореја, наведоа дека нема знаци дека оваа ракета е целосно развиена. 

- Во секој случај, таа не е тестирана во лет и поради тоа беше невозможно целосно да се пресмета нејзиниот потенцијален дострел, велат тие. 

Тристепената ракета, имено, би била помоќа од двостепената „Хвасон-14“, што беше тестирана два пати во јули. 

Јужникорејските и американските експерти сметаат дека „Хвасон-14“ е со дострел од околу 10.000 километри, што значи дека би можела да удри во многу региони во САД, но не и по источното крајбрежје. 

Но, „Хвасон-13“ би можела да има дострел од 12.000 километри, со што може да стигне до сите делови на САД. 

Намерите на Пјонгјанг со прикажувањето на тие слики се јасни, наведоа експертите. 

Фотографиите беа проследени од статија, дека Ким наредил да се произведат повеќе ракетни мотори и боеви глави за време на посетата во Академијата за науки и одбрана, што разработува балистички ракети.