Северна Кореја направи алкохолен пијалaк од кој нема мамурлак
Северна Кореја тврди дека нивен научник открил моќен алкохолен пијалaк од коj потрошувачите немаат последици, па дури ни мамурлак.
Според „Пјонгјанг Тајмс“, експерти работеле на ова четири години, а еден од тајните делови на рецептот е тоа што шеќерот во пијалaкoт Koрјо е заменет со состојки од варен и запечен глутенски ориз. Резултатот е тоа дека пијалокот содржи меѓу 30 и 40 отсто алкохол и го ценат многу експерти како и конзументите кои сакаат вакви пијалаци, затоа што е многу вкусен и не предизвикува мамурлак. Заради неговите состојки кои важат за многу здрави, го сметаат за еликсир на животот.
Запечениот глутенски ориз содржи есенцијална аминокиселина, аноргански состојки и витамини кои му помагаат на телото брзо да ги растопи маснотите во телото и заради тоа тој е омилен пијалак на Ким Јонг. Исто така, пронаоѓачите тврдат дека ја подобрува здравствената состојба, брзо го отсранува заморот, дава сила и отвора апетит.
Koрјо има освоено серија признанија во индустријата на пијалаци и храна во Северна Кореја, како и медал за квалитет.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата