Северна Кореја ќе ги прекине сите патни и железнички врски со Јужна Кореја
Војската на Северна Кореја ги објави плановите да ги прекине сите патни и железнички врски со Јужна Кореја, јавија денеска државните медиуми на Пјонгјанг.
Севернокорејскиот генералштаб соопшти дека границата исто така ќе биде засилена со „силни одбранбени структури“ и мерките ќе стапат во сила веднаш, јави државната новинска агенција КЦНА.
Овие акции, вели Северна Кореја, „имаат за цел да ја заштитат националната безбедност и да спречат војна“.
Како што пренесува ДПА, државните медиуми јавија дека севернокорејската армија испратила телефонска порака „на страната на американските сили“ во 9:45 часот за да се избегнат какви било недоразбирања или „случаен конфликт околу процесот на утврдување“.
Јужнокорејската војска соопшти дека во последните месеци Северна Кореја веќе поставила десетици илјади нагазни мини долж границата.
Затворањето на преостанатите патни и железнички врски од страна на Северна Кореја се смета за симболично, бидејќи веќе неколку години нема директна размена преку силно милитаризираната граница меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Собранието изгласа недоверба на Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион
-
Лишени од слобода 11 лица, злоупотреба на службена положба и перење пари
-
Таравари: Нема да биде склучен договор со „Ѓока констракшн“