Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското Море

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон Јапонското Море, објави јужнокорејската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на воените извори во Сеул, пренесе ДПА.
Јапонското Министерство за одбрана, исто така, соопшти дека проектилот најверојатно е балистичка ракета.
Пацифичката команда на американската војска (PACOM) одделно го потврди лансирањето на балистичка ракета.
„Запознаени сме за лансирањето на ракетата и тесно се консултираме со нашите сојузници и партнери“, објави PACOM на платформата Икс.
„Врз основа на актуелните проценки, овој настан не претставува непосредна закана за американскиот персонал или територија, ниту за нашите сојузници“, се додава во соопштението.
Министерството за одбрана во Токио соопшти дека се верува оти ракетата паднала во Јапонското Море, надвор од ексклузивната економска зона на земјата.
Северна Кореја последен пат истрела балистичка ракета во истата насока на 20 септември, потсетува германската агенција.
Севернокорејските експерти наведуваат дека овие тестирања имаат за цел развој на воените капацитети и демонстрирање на силата на земјата.
На Пјонгјанг му е забрането да лансира балистички ракети според неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН, пренесува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
