Северна Кореја испука стотици гранати како предупредување до Јужна Кореја
Северна Кореја соопшти дека истрелала артилериски гранати во водите долж границата со Јужна Кореја во текот на ноќта како предупредување до Сеул да ги прекине своите воени вежби, јави ДПА.
Корејската народна армија изврши „ предупредувачкo гранатирање кон Источното и Западното Море… како моќна воена контрамерка“, нагласи портпаролот на ГШ во изјавата што ја пренесе Корејската централна новинска агенција. Портпаролот го предупреди Сеул „веднаш да стави крај на непромислените и запаливи провокации штои ги интензивираат воените тензии во регионот“.
Началникот на Здружениот Генералштаб на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала повеќе од 250 артилериски гранати од нејзиниот западен и источен брег во поморските тампон зони во близина на силно утврдената граница што ги дели двете земји, која беше воспоставена во 2018 година за да се смират тензиите. Ниту еден од проектилите не паднал во јужнокорејските територијални води. Сепак, Јужна Кореја ја обвини соседната земја за кршење на воениот договор од 2018 година со кој беа воспоставени тампон зоните.
Во понеделникот Сеул ги започна своите годишни воени вежби, што ќе продолжат до 28 октомври.
Ново на Сител
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
-

Кога ќе се научат фирмите дека се продаваат поскапи производи, тешко се враќаат назад, вели Димитриеска Кочоска
-

Преглед на вестите од светот
