Северна Кореја го нарече Трамп „психопат“
Северна Кореја го нарече денеска американскиот претседател Доналд Трамп „психопат“.
Севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“ наведе во својот редакциски текст дека Трамп се наоѓа во „тешка ситуација“ дома, додавајќи дека тој игра со идејата за превентивни напади врз Северна Кореја, со цел да го одвлече вниманието од домашната политичка криза.
- Јужна Кореја мора да разбере дека следењето на психопатот Трамп може да доведе само до катастрофа, пишува весникот.
Претседателот на САД остро го критикуваше режимот на Северна Кореја, нарекувајќи го „брутален“, по смртта на 22-годишниот студент Ото Вормбир, кој е пуштен од земјата во коматозна состојба и почина во понеделникот. Вормбир во Северна Кореја беше осуден на 15 години тешка физичка работа бидејќи ујрал пропаганден постер. Тој поминал таму повеќе од 17 месеци, по што е пуштен од здравствени причини.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција