Сеул: Северна Кореја лансираше уште една балистичка ракета
Северна Кореја денеска лансираше балистичка ракета со краток дострел кон нејзините источни води. Информацијата ја соопшти јужнокорејската војска, неколку часа откако Пјонгјанг се закани дека ќе почне сериозни воени одговори на зајакнувањето на сојузништвото на САД со Јужна Кореја и Јапонија, јавија дел од светските медиуми.
Соопштено е и дека Сеул го засили неговиот надзор врз Северна Кореја, истовремено одржувајќи воена подготвеност и блиска координација со САД.
Како што наведуваат дел од медиумите, станува збор за прво лансирање на балистички проектил на Северна Кореја во изминатите осум дена и најново во низата тестови во последните неколку месеци.
Претходно, Северна Кореја соопшти дека дел од тестовите се симулации на нуклеарни напади на јужнокорејски и американски цели.
Претходно, севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон Хуи предупреди дека неодамнешниот договор на самитот на САД-Јужна Кореја и Јапонија, што се однесува на Северна Кореја, ги прави тензиите на Корејскиот полуостров „непредвидливи“.
Оваа изјава беше прв официјален одговор на Северна Кореја на трилатералниот самит на американскиот претседател Џо Бајден со неговите јужнокорејски и јапонски колеги на маргините на регионалниот собир во неделата во Камбоџа.
Тројцата лидери во заедничко соопштение остро ги осудија неодамнешните ракетни тестови на Северна Кореја и се согласија да работат заедно на зајакнување на одвраќањето. Бајден повторно ја потврди посветеноста на САД на одбраната на Јужна Кореја и Јапонија со сите расположливи средства, вклучувајќи и нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба