-->
-->
Сеул: Северна Кореја гради нова подморница, која може да носи балистички проектили
-->
Северна Кореја гради голема подморница која може да носи балистички ракети, објави денеска јужнокорејскиот весник „Тона илбо", повикувајќи се на американски разузнавачки извори.
Според весникот, американските тајни служби откриле дека „дизел-електричната подморница која е тешка над 2000 тони и широка 11 метри, се гради во бродоградилиштето Синпхо во провинцијата Јужен Хамгион, на источниот брег на Северна Кореја“.
Станува збор за подморница од нов тип, со која најверојатно ќе бидат заменети севернокорејските подводни бродови од класа „Коре" ( Кит), кои исто така можат да носат балистички ракети, додава „Тона илбо".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство