Сеул: Пјонгјанг на чекор до изработка на проектил што може да го погоди западниот брег на САД

Разузнавачката служба на Јужна Кореја денеска информираше дека очекува Северна Кореја до крајот на годинава да развие ракета со која ќе може да го погоди западниот брег на САД.
Северна Кореја повеќе пати се закануваше дека има ракетен арсенал, кој може да ги погоди американските воени бази на Гуам и Хаваите, како и Калифорнија, на густо населениот западен брег на САД.
Разузнавачката служба на Јужна Кореја, која внимателно го следи развојот на нуклеарното оружје и ракетните програми на северниот сосед, за ваквите свои сознанија денеска ги информираше членовите на јужнокорејскиот Парламент.
Во текот на годинава, Северна Кореја изврши повеќе ракетни проби, при што во неколку случаи рекети ја надлетуваа Јапонија, а се претпоставува дека се подготвува и за нова нуклеарна проба во својот полигон Пунџие-ри.
Ново на Сител
-

Mатични лекари – да прекине праксата издавање на боледување по телефон
-

Пензионерите ќе можат да си докупат стаж за да имаат право на пензија
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
