САД потврдија дека располагаат со оружени системи во орбитата

САД имаат распоредено оружени системи во орбитата, соопштија американските Вселенски сили, со што за првпат јавно потврдија дека располагаат со воени капацитети во вселената.
„САД располагаат со оружени системи за контрола на вселената во орбитата, способни да ги заштитат обединетите вооружени сили од непријателски дејствија на противниците“, изјави портпарол на американските Космички сили во соопштение, без да го прецизира видот на оружјето.
Според истиот извор, „контролата на вселената“ ги опфаќа сите мисии насочени кон борбата за контрола на вселенската средина, со употреба на „кинетички и некинетички“ средства способни да влијаат врз воените способности на противникот. Таквите способности беше посоено дека „можат да се користат и за офанзивни и за одбранбени цели“
Вселенските сили на САД своето воено присуство во земјината орбита го образложуваат како реакција на присуството на двата главни геополитички ривали во вселената.
Кина, според нив, „развива и распоредува вселенски и противвселенски способности во рамките на стратегијата за воена модернизација“, додека Русија „ја смета вселената за бојно поле и верува дека вселенската супериорност ќе биде одлучувачки фактор во идните конфликти“.
МИА
Ново на Сител
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
