Живот
29. August 2017 - 10:08

Сеул: Ким Џонг-ун стана татко трет пат

Според информации од јужнокорејските разузнавачки служби, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по трет пат станал татко, јавува Јонхап, при што името, како и полот на детето засега не се соопштуваат.

Ким Џонг-ун се ожени за Ри Сол-џу во 2009 година. Досега беше познато дека тие двајцата имаат две деца, од кои на второто - девојче родено 2013-та, името му е Ким Џу-ае. За неа се дозна по посетата на американската кошаркарска легенда Денис Родман на Пјонгјанг.

Во 2016. сопругата на Ким неколкупати се појави пред јавноста и тоа покрена гласини дека е бремена.