Македонија
30. April 2018 - 9:07

СЕТУ „Михајло Пупин" и шест компании ќе потпишат меморандум за соработка

Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска ќе го посети средното училиште „Михајло Пупин“ во Скопје.

Дескоска, како што информираат од МОН, ќе присуствува на промоцијата на новата соработка меѓу бизнис секторот и стручните училишта, односно потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу СЕТУ „Михајло Пупин" и шест еминентни компании.