Сетот безбедносни закони пред собраниските комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за европски прашања, за надворешна политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат за предло измените на Законот за следење на комуникациите, на Законот за внатрешни работи и на Законот за странци. Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледа и предлог – законите за Агенција за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачкaта заедница во Република Северна Македонија и двата во второ читање. Истите закони подоцна во текот на денот треба да бидат на дневен ред и пред Законодавно-правната комисија.
Пратениците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, меѓу другото, ќе разговараат за Извештајот за работата на Агенцијата за aдминистрација за 2018 година, за годишниот извештај за работата на Судкиот совет и Народниот правобранител.
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
