Сервер: Претстојниот референдум клучен за иднината на Македонија
Претстојниот референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција е клучен за македонската иднина, смета професор Даниел Сервер од универзитотот Џон Хопкинс.
Во изјава за МИА од Вашингтон, тој укажа дека со успехот на референдумот се менува официјалното име на земјата, но дека Македонците и понатаму ќе си се нарекуваат Македонци а нивната земја - Македонија.
- Тоа ја отвара вратата за брз влез во НАТО и отварање на преговори за членство во ЕУ. Ова е најголемата и единствена шанса што земјата ја имала уште од прогласувањето на независност, укажа Сервер, политички аналитичар и познавач на приликите на Балканот.
Според него, неуспешен референдум е пораз на Договорот со Грција и дестабилизација, затоа што тоа ќе значи закочен процес за членство во НАТО и ЕУ и создавање меѓуетничките тензии во Македонија.
Тој потврди дека успешен референдум е историска шанса за членство на Македонија во НАТО следната година - воената алијанса тоа го вети.
Укажа и дека Македонија ќе има голема корист со влезот во НАТО.
- Се создава поголема доверба во институциите на државата, затоа што тие ќе бидат заштитени не само од малата армија и полиција на земјата туку и од воената алијанса. Членството во НАТО ќе ги намали меѓуетничките тензии во корист и на Македонците и на Албанците, но и ќе ја заштити земјата од руското мешање, истакна Сервер.
Исто така, укажа и дека членство во НАТО на Македонија ќе и овозможи уште поголем удел во меѓународните процеси за обезбедување мир и стабилност преку засилено присуство во меѓународни вежби, маневри и мисии.
- Ова е шанса која не се пропушта. Преспанскиот договор е добро решение за Македонија, порача Сервер за МИА.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници