Сервер: Балканот ќе трпи долготрајни последици од Брегзит

Балканот ќе почувствува моментални и долготрајни последици од излегувањето на Велика Британија од Европската унија, оценува американскиот политички аналитичар Даниел Сервер, додавајќи дека Брегзит ја отвора вратата за зголемено руско влијание.
- Тој регион многу зависи од европската трговија и инвестиции, а уште поважено е политичкото влијание. Брегзит ќе ја отвори вратата за зголемено руско влијание. Владимир Путин сигурно ќе ги зголеми своите притисоци врз Србија, врз Република Српска и врз Македонија да ги одврати од ЕУ и од НАТО, посочи Сервер.
Тој оцени дека Брегзит е многу лоша вест за Британија, за ЕУ, за САД, за Балканот, но добра за Путин.
Сервер на прашањето како САД ќе се постават кон Велика Британија, наведе дека Вашингтон „ќе се труди да се однесува дека ништо не се случило“.
- Доналд Трамп (најизвесниот кандидат на Републикаската партија за претседател на САД) сигурно ќе извлече некаклва корист од тоа, а (неговата ривалка од Демократската партија) Хилари Клинтон ќе изгуби, посочи Сервер.
Ново на Сител
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
-

Ланците маркети на средба во Владата - Се бара начин да се спречи раст на цените
-

Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
-

„Иднина која инспирира“: dm платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата
-

Ескалираат тензиите во Ормутскиот тенсец
-

Мицкоски на средба со трговците и претставници на маркетите, опозицијата бара мерки
-

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи за „Сејф Сити”
