Македонија
24. December 2023 - 16:36

Сериозни проблеми за инвеститорите во Прилеп поради неусогласеноста на ДУП-от со ГУП-от

Иако секаде градежништвото е двигател на една економија, тоа во Прилеп со години е во статус кво ситуација. Капитални објекти воопшто не се градат, а бројот на оние помали кои се градат се брои на прсти. Градежните компании обвинуваат дека поради неусогласеност на деталните со Генералниот урбанистички план не се издаваат дозволи и дека тоа претставува огромен проблем за нивниот опстанок. Ја пребродиле ковид кризата, енергетската криза, но за оваа криза се плашат најмногу од се. Овој проблем со неиздавање на градежни дозволи постоеше и за време на претходната локална самоуправа, но продолжува и 2 години потоа.

„Иако веќе 2023 година завршува рокот и важењето на ГУП-от и треба да се носи нов Геберален урбанистички план. Ние не успеавме за 10 години да го усогласиме со Деталните планови Генералниот план на кој му одминува рокот“, вели Гордан Бошкоски, градежна компанија.

„Издавњето на градежни дозволи се уште е процедура која што е тешка за општинската администрација и мислам дека неиздавањето на градежни дозволи директно влијае на нашиот сектор. Се надевам дека во наредната 2024 година конечно ќе се придвижат работите во некоја позитивна насока со тоа што кога ќе имаме нов Деталне и нов Генерален урбанистички план ќе се придвижат работите во некоја подобвра насока“, додаде Филип Иваноски, градежна компанија.

Поради ваквата ситуација дел од инвеститорите ја напуштале општината и заминувале таму каде има подобри услови, а граѓаните поради неможноста да добијат дозвола граделе на диво, а од сето тоа огромни штети врз буџетот трпи и Општината. 2024-та како изборна година уште толку ги плаши градежните компании, ако се знае дека во вакви години кај нас се се стопира.

„Овие работи треба да бидат средени за да може луѓето кога ќе отидат и имаат намера веќе да градат нешто нормално да немаат проблеми при вадење на таа градежно-техничка и урбанистичка документација. За жал луѓето се принудени да градатѕ на диво поради оваа ситуација“, истакна Гордан Бошкоски, градежна компанија.

„Не очекуваат двојни избори и мислам дека во таа година половина од неа ние како општество ја имаме  изгубено затоа што изборите се некаде во мај, а нредата Влада ќе се состави во јуни или јули и затоа половина година со овој ден ќе биде закочена“, додаде Филип Иваноски, градежна компанија.

Од Општината пакл велат дека работите биле далеку подобрени за разлика од минатото. Само годинава биле издадени над 30 одобренија за градба. А во постапка била измена на ГУП-от каде се предвидува можност за изработка на детални планови на помали опфати и издавање на изводи од ДУП таму каде што има непоклопување на улиците со Генералниот план. Во тек била и постапка за донесување на нови 18 детални планови, а исто така во завршна фаза било и донесувањето на урбанистички планови за 30 села.