-->
-->
Серија А: Пораз на Палермо дома од Емполи
-->
Фудбалерите на Емполи забележаа значајна победа со 1:0 на гостувањето кај Палермо по што се искачија кон средината на табелата (12.место) со 14 освоени бодови. Стрелец на победничкиот гол беше Рикардо Сапонара во 53.минута од слободен удар.
Во домашниот во 67.минута во игра влезе македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, но не помогна сицилијанците да го избегнат поразот.
Палермо по овој пораз остана во долниот дел на табелата (16.место) со 11 бодови.
На вториот дуел од 11.коло од Серија А одигран синоќа немаше победник. Во Верона, Киево и Сампдорија ремизираа со 1:1.
Претходно се одиграа осум натпревари:
Јувентус - Торино 2:1,
Интер - Рома 1:0,
Фиорентина - Фросиноне 4:1,
Болоња - Аталанта 3:0,
Карпи - Верона 0:0,
Џенова - Наполи 0:0,
Удинезе - Емполи 0:0,
Лацио - Милан 1:3.
Табела: Фиорентина 24 бодови, Интер 24, Рома 23, Наполи 22, Сасуоло 19, Милан 19, Лацио 18,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот
-
Роналдо започна преговори со Ал-Наср за продолжување на договорот
-
Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, приведено едно лице
-
ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук
-
Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање
-
Сообраќајка на две товарни возила, во прекин сообраќајот на магистралата Куманово - Крива Паланка
-
САД наредија дел од нивните вработени во Амбасадата во Бејрут да го напуштат Либан
-
Претрес во Тетово, пронајдена дрога