Фудбал
13. February 2016 - 22:57

Серија А: Победа на Јувентус над Наполи

Со победата во дербито шампионот Јувентус изби на чело на табелата во италијанската лига. Вечерва во Торино Јувентус го совлада Наполи со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Симоне Заза во 88.минута.

За „старата дама“ ова беше 15.та победа во серија и со 57 бодови е лидер на табелата, додека Наполи е втор со 56.