Фудбал
1. November 2016 - 8:41

Серија А: Несторовски погоди, Палермо пак загуби

Македонскиот репрезентативец Илија Несторосвки уште еднаш беше стрелец на гол за екипата на Палермо, но неговиот тим загуби на гостувањето кај Каљари.
 
Во последниот меч одигран синоќа со кој беше комплетирано 11.коло во фудбалското првенство на Италија, екипата на Палермо загуби од Каљари со 2:1.  
 
Двата гола за домашниот тим ги постигна Даниеле Десена (53 и 64.минута), а Несторовски со својот петти гол сезоната само го ублажи поразот. 
 
На останатите натпревари одиграно претходно, беа постигнати следниве резултати:
 
Удинезе – Торино 2:2, 
Болоња – Фиорентина 0:1,
Јувентус – Наполи 2:1,
Аталанта – Џенова 3:0,
Милан – Пескара 1:0,
Кротоне – Киево 2:0,
Емполи – Рома 0:0, 
Лацио – Сасуоло 2:1,
Сампдорија – Интер 1:0. 
 
Табела: Јувентус 27 бода, Рома 23, Милан 22, Лацио 21, Наполи 20, Аталанта 19,...