-->
-->
Серија А: Кој ќе му даде гол на Буфон
-->
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, го собори личниот рекорд според бројот на минути без примен гол, соопшти актуелниот италијански шампион.
По победата во дербито со Интер (2:0), Буфон во Серија А не примил гол 746 минути, што е за една минута подолго од неговиот претходен рекорд.
Искусниот 38-годишен италијански репрезентативец последниот гол го примил пред осум натпревари, на 10.јануари, односно на мечот со Сампдорија кога бил совладан од Касано во 64.минута.
Буфон ќе се обиде да го собори апсолутниот рекорд во Серија А кој е во сопственост на некогашниот голман на Милан, Себастијано Роси. Во сезоната 1993/1994 година Роси не бил совладан 928 минути.
Јувентус, во наредните три кола гостува кај Аталанта, потоа ќе му биде домаќин на Сасуоло, а на 20.март го очекува градското дерби со Торино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска