Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
- Цената на јагнешкото и свинското место не е зголемена, велат од Асоцијацијата на земјоделци. Потпретседателот на Асоцијацијата Гоце Серафимов посочува дека цената на јагнешкото месо жива мера се движи од 230 до 270 денари за килограм, но оваа цена не може да се достигне поради кланичните услуги.
- Месо има, и свинско и јагнешко, цената не е покачена, цената си е иста. Јагнешкото жива мера е од 230 до 270/280 денари, меѓутоа таа цена не може да биде, затоа што јагнешкото дава 55 проценти рандаван. Кога ќе се земат на колење тие работи излегува со кланични услуги околу 600 до 700 денари, вели Серафимов.
Цената на свинското месо е 300 денари, а на полутките 240 денари.
- Свинското месо е со старата цена, не е зголемена. Можат да си купат свинско месо поголем број граѓани, јагнешкото е малку поскапо и не може секој да си дозволи, вели Серафимов, додавајќи дека во следниот период не се очекува зголемување на цената на местото.
Ново на Сител
-
Уште два неуспешни обида на Уставниот суд да избере нов претседател, седницата продолжува в понеделник
-
Избори за нов претседател на СДСМ на 30 јуни, конгрес на 9 јуни
-
Мурињо седнува на клупата на Фенербахче
-
Медиуми: Мареска нов тренер на Челзи
-
ЈП Градски паркинг - Скопје од утре со летно сметање за зонско паркирање
-
Лани пријавени 433 деца во судир со законот, 307 осудени
-
Во завршна фаза преговорите за новата Влада
-
АА: Ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени