-->
-->
Сензација на СП, Саудиска Арабија ја победи Аргентина
-->
Третиот натпреварувачки ден на фудбалскиот Мундијал во Катар го донесе првото големо изненадување. Саудиска Арабија ја победи Аргентина која беше вбројувана помеѓу најголемите фаворити за трофејот.
Иако Аргентинците преку Лионел Меси први дојдоа во водство по само 10 минути игра, аутсајдерот направи целосен пресврт во второто полувреме со погодоците на Ал Шери во 48-та и Ал Dавашари пет минути подоцна.
При резултат 1:0 за Аргентина „гаучосите“ постигнаа уште три гола, но сите беа поништени поради „офсајд“.
Денес на распоредот на Светското првенство се уште три натпревари. Од групата Ц ќе играат Полска и Мексико (17 часот).
Од 14 часот играат Данска – Тунис, а од 20 часот Франциај – Австралија во 1.коло од Д-групата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца странци загинаа во пожар во хотел во популарна туристичка област во Бангкок
-
Владата на Јужна Кореја нареди безбедносна проверка на сите авиони Боинг 737-800
-
Кривична за 13 лица за криумчарење луксузни возила, меѓу нив и вработени во МВР
-
Најстудено со -8 степени во Берово, 4 во Гевгелија
-
Најмалку 70 луѓе загинаа во Етиопија откако преполн автобус падна во река
-
Почина поранешниот американски претседател Џими Картер
-
Гвардиола: Ни требаше оваа победа, по Нова година ќе биде подобро
-
Фини-Смит премина во Лејкерс, Дианџело Расел се враќа во Бруклин